Политеистички религии
Политеистички религии се религиите во кои се верува во повеќе богови. Религиите на старите народи се политеистички.
Стар Египет
Анубис е претставен со глава на диво куче. Бил бог на погребите и смртта и неговиот лик често е насликан на ѕидовите од гробниците, бидејќи се сметал за заштитник на мртвите. Анубис бил и бог на мумифицирањето
Хорус е претставен со глава на сокол и е небесен бог. Бил син на Озирис и Изида. Се верувало дека им дава сила на фараоните
Бастет е претставена со глава на мачка. Таа е божица на мачките, заштитничка на жените и децата. Старите Египќани верувале дека мачките се свети животни, бидејќи ги убивале стаорците и глувците кои го јаделе житото и предизвикувале болести
Бес е џуџест бог со човечки лик кој носел лавовска кожа. Ги заштитувал жените при пораѓај, како и децата и семејството од негативни влијанија
Изида била жена на Озирис и мајка на Хорус. Таа го оживеала Озирис, откако тој бил убиен од Сет. Била божица на мајчинството и љубовта
Озирис е претставен со човечки лик. Бил убиен од неговиот брат Сет, кој му бил љубоморен и сакал да го заземе неговото место како крал. Озирис бил бог на подземниот свет
Ра е претставен со сонце врз неговата глава. Бил бог на создавањето. Старите Египќани верувале дека тој го создал светот
Секмет е претставена со глава на лав. Таа била божица на медицината и на војната.
Сет бил бог на хаосот. Го убил својот брат Озирис и му го ископал окото на Хорус.
Тот бил бог на мудроста и пишувањето. Тој и помогнал на Изида да го оживее Озирис.
Стари Словени
Дажбог бил бог на сонцето
Јарило бил бог на војната, вегетацијата, плодноста и пролетта
Лада била божица на љубовта и бракот
Морана била божица на жетвата, зимата и смртта
Перун бог громовник
Сварог бил бог на огнот
Световид бил бог на плодноста и изобилството
Зосија била божица на убавината
Велес бил бог на земјата, водите и подземниот свет
Нордиски богови
Один врховен бог, бог на војната, мудроста, поезијата и магијата
Локи бог на пакоста, на злобата
Фриг била божица на бракот и мајчинството, сопруга на Один
Фреја била божица на љубовта и плодноста
Тор бог на громот, син на Один
Балдур бил бог на убавината, невиноста и мирот. Бил убиен од Локи.
No comments:
Post a Comment