Пресвета Дева Марија се родила од нејзините родители, Јоаким и Ана.
Тие биле веќе остарени, а немале деца, и затоа биле посрамени пред луѓето, и со плач го молеле Бога да ги израдува со едно чедо. И семоќниот Бог Којшто гледа се ги израдувал со радост што ги надминала сите нивни очекувања. Бидејќи им подарил не само ќерка туку и Божја Мајка; ги благословил не само со привремена радост туку и со вечна.
Дева Марија е родена во Назарет, а по три години родителите ја одвеле во храмот ерусалимски за да ја посветат на Бога, каде била воспитувана додека не навршила полнолетство. Оттука подоцна повторно се вратила во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста (убавата/блага вест) од Светиот Архангел Гавриил (ангелот Габриел) за раѓањето на Синот Божји и Спасителот на светот.
No comments:
Post a Comment