Со празникот Курбан Бајрам се прославува послушноста на Ибрахим кон Аллах, симболизирана преку настанот кога тој прифаќа да го жртвува својот син Исмаил, по Божја заповед, со цел да ја покаже својата љубов и вера.
Имено, Ибрахим и неговата сопруга седум години немале деца. Потоа сопругата седум години се молела на Бога и рекла дека ако имаат еден син, откако ќе наполни седум години ќе го жртвува.
Кога Ибрахим и неговата сопруга остареле, за чудо добиле син. Кога синот наполнил седум години, на Ибрахим му се сонило да го жртвува синот.
Утредента кога требало да го жртвуваат синот, во последен момент Аллах, преку ангелот Џибраил, испратил овен да се жртвува наместо детето.
Во спомен на целосното потчинување на Ибрахим кон Бога, муслиманските семејства жртвуваат овен или овца, но понекогаш и други животни како крави или кози.
Прославата на Курбан Бајрам трае три дена. Првиот ден е најважен, бидејќи мажите одат во џамија и се молат. Потоа тие жртвуваат овен или овца. Го сечат животното на три дела: првиот се дава на сиромашни луѓе, за да имаат храна на овој голем ден, вториот е за пријателите и соседите, а третиот е е за човекот кој ја принесува жртвата и за неговото семејство. Потоа одат на гробишта да ги посетат починатите претци и блиски членови на семејството и да се молат во нивно име. Прославата се одвива во домот на најстарата личност во семејството, а луѓето исто така одат во посета во домот на други, за да им посакаат здравје и среќа.

No comments:
Post a Comment