Баптистичките цркви го отфрлаат крштевањето на деца, тврдејќи дека крштевањето е знак на практикување на вера на возрасните. Во светот ги има околу 43 милиони
Методистички цркви
Методистичките цркви потекнуваат од 18 век и од проповедите на Џон Весли. Методистичките цркви и даваат посебен придонес на црквата со соборното пеење химни. Посебен акцент се става на општествената работа. Во светот ги има околу 70 милиони.
Пентекостални цркви
Пентекосталните цркви датираат од почетокот на 20 век. Даровите на Светиот дух, паѓањето во екстаза и проповедта се најважни за црковниот живот и богослужба. Ги има околу 38 милиони.
Куќни или Нови цркви
Припадниците на овие цркви ја отфрлаат институционалната црква со ракоположено свештенство, враќајќи му се на новозаветниот образец на богослужба во куќите на членовите.
No comments:
Post a Comment