Денеска е свети апостол Тома најчесто познат како „Неверен Тома“.Тој бил еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос била дадена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Исус Христос им се јавил повторно на учениците (апостолите) за да го увери Тома.
Тогаш Исус му рекол на Тома:
„...дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“
И Тома возвикна:„Господ мој и Бог мој!“
Јован 20
По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешале жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му паднала жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажалил што мора да оди во толку далечен крај, но Исус му се јавил и го охрабрил.
Во Индија Св. Тома многумина, големци и сиромашни, ги обратил во верата Христова и таму засновал Црква и поставил свештеници и епископи.
Кнезот Муздиј, кому што Тома му ги крстил жената и синот, го осудил апостолот на смрт и испратил петмина војници коишто го проболе со пет копја. Така, светиот апостол Тома си ја предал душата во рацете на Христос.
No comments:
Post a Comment