За потребите на предметот Запознавање на религиите
За потребите на предметот Запознавање на религиите
Wednesday, December 24, 2014
НОВОГОДИШНИТЕ ПРОСЛАВИ ОД НАЈСТАРИ ВРЕМИЊА ДО ДЕНЕС
Нова година е еден од најстарите празници кој се прославува во светот. Тој се состои од религиски, социјални и културни традиции.
Месопотамија
Најстарото прославување на Нова година се сретнува во Месопотамија во 2000 г. п.н.е. Таму прославувањето на новата година било ритуал со кој луѓето ја славеле плодноста на нивната земја. За време на прославата кралот се одрекувал од својата титула, и ги молел за прошка своите поданици. Потоа, свештеник повторно му ја враќал титулата крал.
Стариот Египет
Старите Египќани како Нова година го означувале годишното надојдување на реката Нил. Ова бил најважниот настан во Стариот Египет. Го славеле надојдувањето, со што се означувал почетокот на Новата година. При тоа се одржувале прослави и религиозни церемонии.
Стара Грција
Во Стара Грција Нова година се прославувала напролет во исто време со прославите во чест на богот Дионис ( богот на виното). Старите Грци ставале бебе ( кое било симбол на повторно раѓање) во кошница и со него се шетале по улиците и славеле.
Јанус
Името на месецот Јануари, доаѓа од името на римскиот бог Јанус, бидејќи бил бог на почетоците и чувар на влезовите. Тој имал две лица и можел да гледа и напред и назад во исто време. Римјаните верувале дека на полноќ пред Нова година Јанус ја благословувал Новата година.
Средниот век
Во средниот век Новата година се нарекувала прослава на Благовештението, и се прославувала на 25 Март. Тоа е датумот кога Богородица ја примила веста дека ќе роди божји син.
Новогодишни подароци
Старите Римјани сметале дека крајот на старата и почетокот на Новата година е добро време да се даваат подароци кои имале симболично значење, и затоа започнале традиција на разменување подароци на новогодишната вечер.
Подарувале гранчиња од свети дрвја или сребро и злато, кои биле симбол на среќа, мед и колачи кои биле симбол на мир и ламби кои се давале со надеж дека и оној кој ја дава ламбата, и оној кој ја прима, ќе имаат година исполнета со светлина.
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во Р. Македонија живеат припадници на различни националности и религии. Најзастапени националности се:македонците, албанците, турците, србите, хрватите,евреите. Според религијата:православни христијани, муслимани, католици, евреи.
Еврејска Нова година (Рош Хашанах)
Евреите во Р. Македонија ја прославуваат Нова година на 31 декември, и 1 јануари, но како државен празник. Додека религиозниот празник, односно Еврејската Нова година ја слават во септември. Според еврејскиот календар во месецот наречен Тишри.
За време на вечерата при прославувањето на Рош Хашанах еврејските семејства кажуваат посебна молитва, палат свеќи и потопуваат јаболко во мед и велат:Да ни даде Бог добра и слатка Нова година.
Православни христијани
Источната Православна црквасеуште го користи Јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на Стара Нова Година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според Јулијанскиот календар.За православните христијани 1 јануари е државен празник, а 14 јануари е религиозен празник (обрежување на Исус Христос)
Католици
Католиците вечерта на 31 декември заедно со своите семејства посетуваат свечена богослужба - миса. На први јануари прават прослава во чест на Пресвета Богородица, мајката Исусова.
Исламска Нова година
Датумот на Исламската Нова година е различен секоја година бидејќи исламскиот календар е лунарен календар. Првиот ден во годината е првиот ден од месецот Мухарем, првиот месец во исламскиот календар.
Македонците ги започнуваат подготовките за новогодишната вечер, неколку дена претходно. Ги украсуваат своите домови, и подготвуваат свечена трпеза.
Слават со роднините и пријателите, дома или во ресторани. Во текот на денот се даваат подароци на децата, а навечер се прославува со храна, музика и игри како на традиционална народна музика, така и на модерна музика.
Албанците ја слават Нова година така што на 31 декември сите се собираат заедно семејно. Дедовците, бабите, родителите, децата и роднините се собираат покрај богата трпеза. На полноќ сите си ја честитаат Новата година и си посакуваат успех, среќа, радост и здравје
Турците доколку одлучат да прославуваат дома, организираат богати вечери со семејствата и пријателите, при што подготвуваат вкусни јадења како: пилав, баклава, бурек и сл.
Србите ја започнуваат прославата на Нова година со украсување на новогодишна елка. Доколку слават со семејствата тоа го прават покрај богата трпеза. А надвор од домот, слават со своите пријатели во ресторани, хотели или кафулиња.
No comments:
Post a Comment