За потребите на предметот Запознавање на религиите

За потребите на предметот Запознавање на религиите

Wednesday, December 10, 2014

МАГИЈА

              При  изучувањето  на  досегашните  лекции  сфативме  како  бил  поврзан  примитивниот  човек  со  природата  и  колку  зависел  од  неа. Кажавме  дека  некои  природни  појави  биле  нешто  од  кое  се  плашел, бидејќи  не  можел  да  ги  предвиди  и  да  ги  контролира, како  што  се  силните  врнежи  кои  нанесувале  поплави, долготрајните  сончеви  периоди  кои  нанесувале  суша  или  силните  ветрови  кои  нанесувале  други  штети. Поради  тоа  човекот  чувствувал  силна  потреба  да  најде  начин  за  скротување, односно  влијаење  врз  природата. За  примитивниот  човек  тој  начин  била  магијата.

           Примитивниот  човек  верувал  дека  со  помош  на  магија (изговарање  одредени  зборови, изведување  на  одредени  движења)  може  да  предизвика  одредени  природни  појави. За  таа  цел, односно  за  влијаење  врз  природата  со  помош  на  магија  имал  одредено  посебни  луѓе  т.н. јавни  врачеви. Еве  неколку  примери  за  тоа  како  јавните  врачеви  ја  извршувале  својата  должност  за  контролирање  на  природните  појави.

Доколку  е  потребен  дожд  некои  врачеви  барале  од  другите  членови  на  племето  да  изберат  тројца  мажи, од  кои: првиот  со  чекан  да  удира  во  железо  или  во  мало  буре (односно  да  го  предизвикува  звукот  на  грмотевицата), другиот  да  удира  две  гламји  една  од  друга  и  да  прави  искри  (односно  да  имитира  молња) а  третиот  насекаде  да  прска  капки  вода  од  поголем  сад, со  помош  на  гранчиња ( односно  да  имитира  дожд)

Доколку  е  потребно  да  се  сопре  силниот  ветар врачевите  земале  една  од  своите  најдебели  кожи  од  животни  и  ја  обесувале  на  врвот  на  еден  стап. Верувале  дека  ветрот  додека  ја  турка  кожата  на  земја  ќе  се  измори  и  ќе  стивне.

Доколку  е  потребно  сонце врачевите  земале  кружен  камен, кој  го  нарекувале  сончев  камен, го  обвиткувале  со  црвена  ткаенина  и во  него  забодувале  пердуви  од  був, кои  требало  да  ги  претставуваат  сончевите  зраци, а  додека  го  правеле  тоа  шепотеле  различни  волшебни  зборови.      


1 comment:

  1. Здраво на сите, сакам да сведочам за големиот и моќен магистер по име ДР ВЕЛ, кој го врати мојот поранешен кој ме остави и се сврши со друга девојка, ние каде што бевме среќни кога одеднаш тој само се смени, тој ми се јавуваше секој наутро и навечер пред спиење, но сето тоа запре без добра причина. во секое време му се јавувам, тој ми вика и ми рече дека не сака да има ништо повеќе со мене, бев толку тажен и збунет, не знаев што да правам, потоа отидов на Интернет да барам како да си ја вратам мојата Екс тогаш најдов статија каде што некој зборуваше за тоа како и помогна големиот и моќен ДР ВЕЛ и таа го остави својот број на WhatsApp +2347054019402, го зедов и го контактирав. му кажав за мојот проблем, тој само се насмевна и ми рече да се релаксирам, сè ќе биде добро, направив се што ме замоли да ме направи и ме увери дека после 48 часа бившата ќе се врати, на мое најголемо изненадување три дена подоцна се врати момчето клечејќи и молејќи го да го прифатам сега, ние сме толку среќни заедно. DR WALE исто така може да ви помогне да го контактирате на WhatsApp / Viber: +2347054019402 ИЛИ drwalespellhome@gmail.com

    ReplyDelete