За потребите на предметот Запознавање на религиите
За потребите на предметот Запознавање на религиите
Wednesday, December 24, 2014
Wednesday, December 10, 2014
МАГИЈА
При изучувањето на досегашните лекции сфативме како бил поврзан примитивниот човек со природата и колку зависел од неа. Кажавме дека некои природни појави биле нешто од кое се плашел, бидејќи не можел да ги предвиди и да ги контролира, како што се силните врнежи кои нанесувале поплави, долготрајните сончеви периоди кои нанесувале суша или силните ветрови кои нанесувале други штети. Поради тоа човекот чувствувал силна потреба да најде начин за скротување, односно влијаење врз природата. За примитивниот човек тој начин била магијата.
Примитивниот човек верувал дека со помош на магија (изговарање одредени зборови, изведување на одредени движења) може да предизвика одредени природни појави. За таа цел, односно за влијаење врз природата со помош на магија имал одредено посебни луѓе т.н. јавни врачеви. Еве неколку примери за тоа како јавните врачеви ја извршувале својата должност за контролирање на природните појави.
Доколку е потребен дожд некои врачеви барале од другите членови на племето да изберат тројца мажи, од кои: првиот со чекан да удира во железо или во мало буре (односно да го предизвикува звукот на грмотевицата), другиот да удира две гламји една од друга и да прави искри (односно да имитира молња) а третиот насекаде да прска капки вода од поголем сад, со помош на гранчиња ( односно да имитира дожд)
Доколку е потребно да се сопре силниот ветар врачевите земале една од своите најдебели кожи од животни и ја обесувале на врвот на еден стап. Верувале дека ветрот додека ја турка кожата на земја ќе се измори и ќе стивне.
Доколку е потребно сонце врачевите земале кружен камен, кој го нарекувале сончев камен, го обвиткувале со црвена ткаенина и во него забодувале пердуви од був, кои требало да ги претставуваат сончевите зраци, а додека го правеле тоа шепотеле различни волшебни зборови.
Tuesday, October 21, 2014
СИСТЕМ НА ПОСЕБНИ ЗАБРАНИ - ТАБУ
Примитивните луѓе имале потреба од изнаоѓање начин, како да определат што е она што припадниците на одредена група смеат да го прават (што е дозволено), а што не смеат да го прават (што е забрането). Со оглед на тоа што тогаш не постоеле моралот и правото, примитивниот човек создал СИСТЕМ ОД ПОСЕБНИ ЗАБРАНИ - ТАБУ.
Овој систем вклучувал различни забрани - табуизации.
ТАБУИЗИРАНИ ЗБОРОВИ
ТАБУИЗИРАНИ ЛИЧНИ ИМИЊА
Примитивните луѓе не правеле разлика помеѓу имињата на луѓето и на предметите и самите предмети и луѓе. Тие го сметале своето име како за составен дел на неговото тело и личност (како што се рацете, нозете, забите, косата). Затоа верувале дека може да бидат повредени доколку некој го злонамерно го спомне нивното име, исто како што би биле повредени доколку некој го повреди нивното физичко тело.
Затоа примитивните луѓе не ги кажувале своите вистински имиња за да не може злобните луѓе да ги употребат како средство со кое ќе им наштетат. Кога разговарале меѓу себе се именувале со други измислени имиња.
Ова верување постои и денес кај припадниците на одредени примитивни племиња.
ТАБУИЗИРАНИ ИМИЊА НА ПОКОЈНИЦИ
Во античко време, а и денес кај некои примитивни племиња, постои верување дека изговарањето на имињата на луѓето кои починале ќе ги повика нивните духови. Затоа тие се се плашат да ги изговараат гласно имињата на покојниците.
ТАБУИЗИРАНИ ИМИЊА НА КРАЛЕВИ И ДРУГИ СВЕТИ ЛИЦА
Во примитивните општества особено се внимавало никој да не ги дознае имињата на кралевите и свештениците.. Затоа наместо вистинските имиња за обраќање кон кралевите се употребувале различни „силни имиња“ како на пример: „возвишениот“, „совршениот“, „големиот цар“ и др.
ТАБУИЗИРАНИ ЛИЧНОСТИ
ТАБУИЗИРАНИ КРАЛЕВИ И ПОГЛАВАРИ
Примитивните луѓе ги сметаат кралевите и поглаварите за свети луѓе, луѓе - богови, и имаат одредени забрани - табуа поврзани со нив. На пример: забрането е да се допираат кралевите и поглаварите, никој не смее да јаде од садовите од кои јадел кралот или поглаварот, ниту смее да се дојадува храната која му преостанала на кралот или поглаварот, затоа што се верува дека на тој што ќе го стори тоа ќе му отечат устата и вратот. Исто така забрането е да се облекува облеката на кралевите и поглаварите, затоа што се верува дека оној кој ќе го стори тоа ќе добие изгореници и болки по целото тело.
ТАБУИЗИРАНИ ПРЕДМЕТИ
ТАБУИЗИРАНО ОСТРО ОРУЖЈЕ
И денес кај некои племиња постои забрана за користење на остри оружја, кога ќе се случи некој да почине, затоа што се верува дека со острото оружје може да се повреди духот на починатиот.
Wednesday, October 15, 2014
ТОТЕМИЗАМ
Едно од најстарите верувања на луѓето од камено време е верувањето дека духот
на умрениот човек живее и по смртта. Духовите од своите претци ги сметале за
добри духови, кои им помагале и ги заштитувале од лошите духови.
Се верувало дека духовите на претците таа своја цел можеле да ја остварат
доколку се претворат во некое животно. Тоа животно, кое го сметале за свој предок,
се вика тотем.
Тотемизмот е една форма на обожавање на животните. Во различни земји
различни животни се сметале за свети и биле почитувани.
Во Египет мачките имале посебни привилегии.
Кон нив се однесувале како кон божества. Се поврзувале со божицата Бастет (божица со глава на мачка и тело на жена)
Мачката е симбол на независност.
Некои староседелци на Аљаска веруваат дека волците некогаш биле луѓе, и ги сметаат за свои браќа. Индијанците одсекогаш ги сметале волците за насочувачи на вистинскиот пат.
Волкот е симбол на верност, истрајност и успех.
Јагуарот како свето животно бил почитуван од Олмеците, Маите и Астецитена умрениот човек живее и по смртта. Духовите од своите претци ги сметале за
добри духови, кои им помагале и ги заштитувале од лошите духови.
Се верувало дека духовите на претците таа своја цел можеле да ја остварат
доколку се претворат во некое животно. Тоа животно, кое го сметале за свој предок,
се вика тотем.
Тотемизмот е една форма на обожавање на животните. Во различни земји
различни животни се сметале за свети и биле почитувани.
Кон нив се однесувале како кон божества. Се поврзувале со божицата Бастет (божица со глава на мачка и тело на жена)
Мачката е симбол на независност.
Некои староседелци на Аљаска веруваат дека волците некогаш биле луѓе, и ги сметаат за свои браќа. Индијанците одсекогаш ги сметале волците за насочувачи на вистинскиот пат.
Волкот е симбол на верност, истрајност и успех.
Јагуарот е симбол на плодност и воинственост.
Subscribe to:
Posts (Atom)