За потребите на предметот Запознавање на религиите

За потребите на предметот Запознавање на религиите

Tuesday, May 12, 2015

Разграноци на црквата

Баптистички  цркви
Баптистичките  цркви  го  отфрлаат  крштевањето  на  деца, тврдејќи  дека  крштевањето  е  знак  на  практикување  на  вера  на  возрасните. Во  светот  ги  има  околу  43  милиони

Методистички  цркви
Методистичките  цркви  потекнуваат  од  18  век  и  од  проповедите  на  Џон  Весли. Методистичките  цркви  и  даваат  посебен  придонес  на  црквата  со  соборното   пеење  химни. Посебен  акцент  се  става  на  општествената  работа. Во  светот  ги  има  околу  70  милиони.

Пентекостални  цркви
Пентекосталните  цркви  датираат  од  почетокот  на  20  век. Даровите  на  Светиот  дух, паѓањето  во  екстаза  и  проповедта  се  најважни  за  црковниот  живот  и  богослужба. Ги  има  околу  38  милиони.

Куќни  или  Нови  цркви
Припадниците  на  овие  цркви  ја  отфрлаат  институционалната  црква  со  ракоположено  свештенство, враќајќи  му  се  на  новозаветниот  образец  на  богослужба  во  куќите  на  членовите.