За потребите на предметот Запознавање на религиите

За потребите на предметот Запознавање на религиите

Tuesday, April 28, 2015

Зекат (зеќат)

Третиот  столб  на  исламот

       Зекатот  е  должност  на  делење  на  богатството  со  сите  кои  имаат  полоша  среќа, но  се  еднакво  дел   од  заедницата  што  го  слави  Бога  и  му  се  подеднакво  важни  на  Бога. Куранот  помалку  се  занимава  со  количината, а  повеќе  со  квалитетот  на  давањето. Кога  верниците  даваат  „со  желба  да  ја  стекнат  наклоноста  на  Алах  и  тоа  да  им  стане  навика - прилегаат  на  градина  на  висорамнина  на  која  се  истура  обилен  дожд, па  дава  двојни  плодови“ (2:265). Зекат обично се дава во Рамазан, оти тогаш човечките срца се најмеки и најдарежливи.
    Со намената на зекатот или неговото давање се постигнува следново: 
- муслиманите ја помагаат сиромаштијата и така стекнуваат задоволство и Господова милост; 
- го чистат срцето од скржавост и се навикнуваат на дарежливо;
 - ја помагаат исламската заедница и со дело покажуваат дека водат сметка за нејзините потреби. 
    Во таа смисла Мухамед алејхиселам вели: „Нема место меѓу нас за оној кој не се грижи за потребите на својата заедница“.