Гулаб
Гулабот е симбол на Светиот дух.
За време на крштевањето на Исус Христос врз него се спуштил Светиот дух во облик на гулаб.
Монограм IX
Ова е еден од најраните монограми на Исус, односно се состои од почетните букви на името Исус Христос напишано на старогрчки јазик (Ι - јота и Χ - хи)
Ἰησοῦς Χριστὸς Θεοῦ Υἱὸς Σωτήρ
ХИ РО
Овој симбол се составен од првите букви хи и ро од старогрчкото име ΧΡΙΣΤΟΣ. Симболот го користел римскиот император Константин Ι.
СТАУРОГРАМ
Овој симбол е монограм на крстот. Составен е од старогрчките букви тау и ро. Старогрчки σταυρός - крст. Стаурограмот во почетокот се користел како кратенка за староргчкиот збор за крст и тоа во најстарите записи на Новиот завет.