ПРЕТВОРАЊЕ
НА ВОДАТА ВО КРВ
19
Уште Господ му рече на Мојсеја: „Речи
му на Арона да го земе својот стап и да
ја протегне својата рака врз египетските
води: врз нивните реки, нивните потоци,
нивните езерца, врз сите нивни водени
собиралишта, да се претворат во крв;
нека е крв низ сета Египетска Земја; па
и во дрвените и камените садови.”
20 Мојсеј и Арон направија како што им заповеда Господ. Арон го крена својот стап и пред очите на фараонот и неговите службеници удри по водата во Реката. Сета вода во реката се претвори во крв.
21 Рибите пцовисаа во Реката; Реката засмрди, така што Египетците не можеа да пијат вода од Реката; крв имаше низ целата Египетска Земја.

НАЕЗДА НА ЖАБИ
5
Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Речи
му на Арона нека ја испружи својата рака
со стапот врз реките, потоците и езерцата,
и направи жабите да се нафрлат на
Египетската Земја.”
6 Арон ја протегна својата рака врз египетските води, и жабите излегоа и ја покрија Египетската Земја.

НАЕЗДА НА КОМАРЦИ
16
Тогаш пак Господ му рече на Мојсеја:
„Речи му на Арона да замавне со својот
стап и да удри по правот на почвата, за
да се претвори во комарци по целата
Египетска Земја.”
17 И направија така: Арон замавна со раката и стапот, и удри по правот на почвата. Комарците се нафрлија врз луѓето и животните. Целиот прав на почвата се претвори во комарци по сета Египетска Земја.

НАЕЗДА НА СТРШЕЛИ
20
Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Порани
наутро, излези пред фараонот кога ќе
тргне кон водата, и речи му: ‘Господ
порачува вака: „Пушти го Мојот народ
да замине и да Ми искаже почитување.
21 Ако не го пуштиш Мојот народ, ќе пуштам стршели на тебе, на твоите службеници, на твојот народ и на твоите домови. Египетските домови и самата почва ќе се исполнат со стршели.
22 Но во тој ден ќе го одделам Гесенскиот Крај, во кој живее Мојот народ, па таму нема да се појават стршели, така да знаеш дека Јас Сум Господ во средиштето на земјата.
23 Ќе ја направам таа разлика меѓу Својот и твојот народ. утре ќе биде тој знак.”‘„
24 И направи Господ така. Роеви стршели долетаа во фараоновиот дворец, во домовите на неговите службеници и по целата Египетска Земја. Земјата настрада од стршели.

ПОМОР НА ДОБИТОКОТ
1
Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Оди
при фараонот и речи му: ‘Господ, Бог на
Евреите, порачува вака: „Пушти го Мојот
народ да замине и да ми искаже
почитување.
2 Ако не го пуштиш, туку го задржуваш и натаму,
3 Господовата рака ќе удри со страшен помор по твојот добиток што е во полето: по коњите, ослињата, камилите, по крупниот и ситниот добиток.
4 Господ ќе го разликува добитокот на Израелците од добитокот на Египетците, така што нема да настрада ништо што им припаѓа на Израелците.”‘„
5 Господ го одреди и времето, велејќи: „Утре, Господ ќе го направи ова во земјата.”
6 Утреден Господ така и направи. Сиот добиток на Египетците изумре, а од добитокот на Израелците не изумре ниту едно грло.

ОТОЦИ И ЧИРОВИ
8
Господ им рече на Мојсеја и Арона: „Земете
полни грстови пепел од печката, па Мојсеј
нека ја фрли, пред фараоновите очи, кон
небото.
9 Од тоа ќе стане ситен прав по сета Египетска Земја, и ќе предизвика отоци и ќе создаде чирови и на луѓето и на животните, од едниот до другиот крај на Египет.”
10 Така тие зедоа пепел од печката и дојдоа пред фараонот. Тогаш Мојсеј ја расфрли пепелта кон небото, и отоците и чировите ги покрија луѓето и животните.

ГРАД И МОЛЊИ
22
Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Испружи
ја раката кон небото да удри град по
целата Египетска Земја: врз луѓето,
животните и врз сите растенија во
Египетската Земја.”
23 Мојсеј го крена стапот кон небото. Господ загрми и пушти град, и молњите ги здружи со земјата. Господ туруваше град по земјата на Египетците;
24 Градот биеше, низ него секавици параа. Таква стравотија не се нафрли врз Египетската Земја, откако имаше луѓе во неа.
25 Градот изби, низ сиот Египет, сè што остана надвор, луѓе и животни; ги уништи сите растенија по полето и ги искрши сите полски дрва.
26 Немаше град само во Гесенскиот Крај, каде што живееја Израелците.

НАЕЗДА НА СКАКУЛЦИ
12
Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Протегни
ја својата рака врз Египетската Земја
за да надојдат скакулци во Египетската
Земја и да ги изедат сите растенија, што
останаа по градот!”
13 Така Мојсеј го крена стапот врз Египетската Земја, а Господ го наврати источниот ветер на земјата: дуваше тој цел ден и цела ноќ. А кога се раздени, ветерот ги донесе скакулците.
14 Тие се разлетаа во сите краишта на Египет во голема густина: толкаво мноштво никогаш не ги било пред тоа, ниту пак некогаш ќе ги биде.
15 Ја покрија целата земја, така што се зацрнеа од нив. Ги изедоа растенијата во полето и сите плодни дрва што останаа по градот. Повеќе ништо не се зеленееше: ни дрвата, ниту полската трева во целиот Египет.

ТЕМНИНА
21
„Испружи ја раката кон небото - Господ
му рече на Мојсеја - па нека се спушти
темнина над Египетската Земја, темнина
што ќе може да се опипа.”
22 Мојсеј ја протегна раката кон небото, и се спушти густа темнина на сета Египетска Земја: траеше три дни.
23 Три дни луѓето не можеа да се видат еден-друг, и никој не се помрдна од своето место. А во местата каде што живееја Израелците блескаше светлина.

УБИВАЊЕ НА ПРВОРОДЕНИТЕ
4
А тогаш Мојсеј навести: „Господ порачува
вака: ‘Ќе поминам низ Египет на полноќ.
5 Секој првороденец во Египетската Земја ќе умре, од фараоновиот првороденец, кој би требало да седи на неговиот престол, до првороденецот на робинката, која се наоѓа покрај мелничкиот камен; а ќе загинат и сите првородени на добитокот.
6 Во целата Египетска Земја ќе настане голем писок, каков не бил ниту ќе биде после.
7 Меѓу Израелците ни пес не ќе залае ни живо суштество: ни на човек ни на животно. По тоа ќе знаете дека Господ ги дели Израелците од Египетците.’