Примитивните луѓе имале потреба од изнаоѓање начин, како да определат што е она што припадниците на одредена група смеат да го прават (што е дозволено), а што не смеат да го прават (што е забрането). Со оглед на тоа што тогаш не постоеле моралот и правото, примитивниот човек создал СИСТЕМ ОД ПОСЕБНИ ЗАБРАНИ - ТАБУ.
Овој систем вклучувал различни забрани - табуизации.
ТАБУИЗИРАНИ ЗБОРОВИ
ТАБУИЗИРАНИ ЛИЧНИ ИМИЊА
Примитивните луѓе не правеле разлика помеѓу имињата на луѓето и на предметите и самите предмети и луѓе. Тие го сметале своето име како за составен дел на неговото тело и личност (како што се рацете, нозете, забите, косата). Затоа верувале дека може да бидат повредени доколку некој го злонамерно го спомне нивното име, исто како што би биле повредени доколку некој го повреди нивното физичко тело.
Затоа примитивните луѓе не ги кажувале своите вистински имиња за да не може злобните луѓе да ги употребат како средство со кое ќе им наштетат. Кога разговарале меѓу себе се именувале со други измислени имиња.
Ова верување постои и денес кај припадниците на одредени примитивни племиња.
ТАБУИЗИРАНИ ИМИЊА НА ПОКОЈНИЦИ
Во античко време, а и денес кај некои примитивни племиња, постои верување дека изговарањето на имињата на луѓето кои починале ќе ги повика нивните духови. Затоа тие се се плашат да ги изговараат гласно имињата на покојниците.
ТАБУИЗИРАНИ ИМИЊА НА КРАЛЕВИ И ДРУГИ СВЕТИ ЛИЦА
Во примитивните општества особено се внимавало никој да не ги дознае имињата на кралевите и свештениците.. Затоа наместо вистинските имиња за обраќање кон кралевите се употребувале различни „силни имиња“ како на пример: „возвишениот“, „совршениот“, „големиот цар“ и др.
ТАБУИЗИРАНИ ЛИЧНОСТИ
ТАБУИЗИРАНИ КРАЛЕВИ И ПОГЛАВАРИ
Примитивните луѓе ги сметаат кралевите и поглаварите за свети луѓе, луѓе - богови, и имаат одредени забрани - табуа поврзани со нив. На пример: забрането е да се допираат кралевите и поглаварите, никој не смее да јаде од садовите од кои јадел кралот или поглаварот, ниту смее да се дојадува храната која му преостанала на кралот или поглаварот, затоа што се верува дека на тој што ќе го стори тоа ќе му отечат устата и вратот. Исто така забрането е да се облекува облеката на кралевите и поглаварите, затоа што се верува дека оној кој ќе го стори тоа ќе добие изгореници и болки по целото тело.
ТАБУИЗИРАНИ ПРЕДМЕТИ
ТАБУИЗИРАНО ОСТРО ОРУЖЈЕ
И денес кај некои племиња постои забрана за користење на остри оружја, кога ќе се случи некој да почине, затоа што се верува дека со острото оружје може да се повреди духот на починатиот.